ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се буди, граѓаните не сакаат да му ги плаќаат долговите на Заев

Коалиционите партнери на Заев од Алијанса за Албанците кои како мираз му ја носат Тиранската Платформа вчера уште еднаш потврдија дека не им е битен државниот интерес, туку националното прашање на Албанците, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме целото соопштение

Поголема потврда од тоа дека од Алијанса за Албанците ќе коалицираат заради исполнување на барањата од Тиранската Платформа со СДС, а не за некакoв „граѓански концепт“ кој Заев ни го продава, НЕМА.

Зоран Заев е очаен и има патолошка потреба за власт. Заев во власта гледа единствена надеж за спас и амнестија од сите криминали кои ги има сторено тој и неговата криминогена врхушка во врвот на СДС.

Заев не излезе и не го осуди својот иден коалиционен партнер кој албанските национални интереси ги става над интересите на Република Македонија, исто како што не собра храброст да го осуди и Зијадин Села, Еди Рама и Дитмир Бушати.

Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од неговите официјални партнери кои му ги дадоа потписите за реализација на Тиранската Платформа. Заев е заробеник на желбата за власт и е спремен да проголта секоја антидржавна изјава, само за да направи Влада.

За разлика од Заев и криминогената врхушка на СДС, граѓаните не сакаат двојазичност, бинационалност, двојазични банкноти, промена на знаме, химна и грб и промена на името по грчки терк, а најмалку сакаат федерализација на државата.

Граѓаните се гневни и со право се чувствуваат изиграни од Заев кој им приреди пост изборен инжинеринг.

Граѓаните не сакаат да му ги плаќаат долговите на Заев кај нарко-мафијата и разните странски партнери на кои Заев им ветил дека ќе ја реализира платформата од Тирана.

Затоа народот е на нозе !

Затоа Македонија се буди !

 

 

 

21.04.2017 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа