Страшна сообраќајка се случи утрово на македонските патишта - загина едно лице

 

 Александар Д.(40) од Тетово утрово во засега точно неутрвдено време починал по сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Скопје – Тетово на еден километар од бензинската пумпа Седум Браќа, информираше Дејана Недељковиќ од секторот за информирање на МВР.

Според нејзините информции, автомобилот БМВ со скопски регистарски таблички управуван од тетовецот загубил контрола, излетал од коловозот и се превртел по што возачот починал на самото место.

По извршениот увид на местото од несреќата лекар по судска медицина ја констаирал неговата смрт, додека по наредба јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

 

 

 

23.04.2017 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега