Откриен идентитетот на загинатиот кај Групчин - бил член на навивачката група „Војводи“

 

40-годишниот Александар Д. од Тетово вчера рано наутро починал по сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Скопје – Тетово на еден километар од бензинската пумпа Седум Браќа, информираше Дејана Недељковиќ од секторот за информирање на МВР.

Автомобилот БМВ со скопски регистарски таблички управуван од тетовецот загубил контрола, излетал од коловозот и се превртел по што возачот починал на самото место.

По извршениот увид на местото од несреќата лекар по судска медицина ја констаирал неговата смрт, додека по наредба јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Инаку, како што потоа извести навивачката група „Војводи“ на својата Фејсбук-страница, станува збор за Александар Димчевски – Трска, нивен истакнат член.

 

 

 

24.04.2017 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега