Автомобилот на Зијадин Села се судрил со камион во Скопје?

Градоначалникот на Струга и претседател на Движењето за реформи ДПА, Зијадин Села доживеал сообраќајка вчера во Скопје. Како што пишува Нова Македонија, тој со автомобил марка „Фолксваген“ со струшки регистарски ознаки на улицата Скупи се судрил со камион.

Во несреќата нема повредени лица.

Сообраќајот по сообраќајката бил во прекин. Дежурните служби го тргнале „Фолксвагенот“, според тврдењата на очевидци.

 

 

 

 

24.04.2017 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега