Со спреј испишале графити во близина на џамија во Гостивар

Вчера во 08 часот и 50 минути во полициската станица во Гостивар, 36- годишен М.З од село Вруток, вработен во Исламската верска заедница Гостивар,  пријавил дека од страна на непознати сторители на метален електричен ормар до оградата на „Саат Џамија“ во Гостивар со спреј црвена боја испишани биле два графита во вид на крстови.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Гостивар.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите  и за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

25.04.2017 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега