Кривична за скопјанец кој изврши тешка кражба- судот врати дел украдените предмети

Секторот за внатрешни работи во Тетово поднесе кривична пријава против 26- годишниот Н.И од село Кондово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“.

Во текот на декември 2016 година пријавениот ги извршил тешките кражби претежно во угостителски објекти и кладилници лоцирани во тетовско подрачје.

Пријавениот насилно ги отворал влезните врати од објектите, од каде одзел шест телевизори и парични средства во разни апоени.

Со сторените кривични дела предизвикал материјална штета во висина од 94.000 денари. 

По наредба на Основен Суд Скопје 1 Скопје извршен бил претрес во дом и помошни простории во куќата на пријавениот при што биле пронајдени два телевизори кои, со потврда за привремено одземени предмети, се одземени и му се вратени на едно од оштетените лица.

 

 

 

25.04.2017 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега