За заедничка Македонија: Заев повели, пробај - народот ќе биде многу погласен отколку досега

“Не ни помислувај да одиш против народот бидејќи ќе зборуваме многу погласно отколку до сега„ – вака граѓанската иницијатива За заедничка Македонија реагираше на денешниот говор на лидерот на СДСМ во Собранието, кој рече дека претседател ќе може да изберат во било која сала надвор од собраниската.

„Заев, директно до тебе:

Не ни помислувај да одиш против народот. Не ни помислувај да одиш против Деловникот и Уставот.

А ако помислиш, ако помислиш да одиш против најголемите граѓански протести во историјата на Македонија... народот ќе зборува. Многу погласно отколку досега. Бидејќи народот е газда во сопствената држава.

Па, повели, пробај. – велат од граѓанската иницијатива За заедничка Македонија

 

 

 

 

27.04.2017 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега