Иванов ги повика политичките лидери денеска на лидерска средба

Претседателот Иванов вчера се обрати од Вила Водно до македонските граѓани за инцидентите во Собранието.

- Повикувам на смирување на тензиите и ненасилство и одговорно однесување на сите надлежни институции. Пратениците се наиодговорни за враќањето на состојбата. Секој треба да биде одговорен за своите постапки. Оваа состојба може да се надмине само со почитување на правниот поредок. Нема прашање за кое не може да се најде решение со дијалог, рече Иванов синоќа во своето обраќање.

Тој ги повика лидерите на партиите во вилата Водно денеска заедно да седнат за да се реши ситуацијата со лидерска средба.

- Никој од надвор нема да ни ги реши проблемите, заврши претседателот.

 

 

 

28.04.2017 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега