АМСМ информира дали има прекини и застои во сообраќајот утринава

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

РАБОТИ НА ПАТ:

Ве известуваме дека за потребите за изработка на проектната документација за комплетирање на клучка Хиподром ќе се започне со превземање активности, односно геодетско снимање и геотехнички истраги на магистралниот пат А2, делница Скопје – Велес и магистрален пат А4 делница Скопје – Куманово во патен појас клучка Хиподром, кои ќе се изведуваат во период од 25.04.2017 до 10.05.2017 во временски период од 07:00 – 17:00 часот. Во текот на извршувањето на работите сообраќајот ќе се одвива во времен режим на сообраќај согласно поставената сообраќајна сигнализација.

На патниот правец А3 Прилеп – Битола - Ресен на обиколницата кај Битола од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува низ градот Битола.

На државниот пат А3(М5), делница Ресен – Битола во тек се завршните активности за рехабилитација на коловозот.
Од вторник - 25.04.2017 до сабота - 29.04.2017 магистралниот пат А3 Битола - Макази, на потегот од с.Ротино до с.Кажани , поради изведување на завршни асвалтерски работи ќе биде целосно затворен за сообраќај. Сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат за с.Кажани. За време на изведување на градежните работи, регулирањето на сообраќајот ќе се врши со соодветна вертикална сигнализација и сообраќајна опрема согласно Сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај.

Илинден А.Д. Струга известува дека ќе има времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека - Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498. Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента. Измената започна на 18.04.2017 , а ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека - Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско - Неготино кај Стоби на река Црна , десната лента се затвора за сообраќај, а сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена е соодветна сигнализација.

Од ден 19.04.2017 се изведуваат градежни активности на дел од магистрален пат А2, делница: Тетово - Гостивар, осветлување кај клучка Камењане. ДГ Бетон АД известува дека поради изведбата на градежни работи на магистрален пат А4, Делница клучка Кадино-клучка Хиподром од км. 4+230 до км. 9+330 сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај, почнувајќи од 03.04.2017 и во траење од 3 месеци. Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

На 07.03.2017 година започнаа да се изведуваат градежни активности и електромонтажни работи на дел од магистрален пат А2, делница Тетово – Скопје, клучка Сарај. Активностите се реализираат во период од 07:00 до 17:00 часот. Потребна е зголемена внимателност и придржување кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

ДГ Бетон АД Скопје извести дека почнувајќи од 27.02.2017год., поради градежни работи на магистрален пат А2, Делница Гостивар-Кичево по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државен пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Од 27.04.2016 е воведена промена на времена измена за режим на сообраќај согласно Одобрението од Министерство за транспорт и врски на Република Македонија на 26.04.2017 година.

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе - Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат П 1204.
Од 12.04.2017 има пренасочување на сообраќајот на делница Клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистрален пат А3 и обратно до Клучка кај село Три чешми по ново изградената десна коловозна лента.

Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

 

 

 

28.04.2017 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега