Грчкото МНР се огласи за инцидентите во Собранието: Македонија се лизга во длабока криза

Со тага и вознемиреност гледаме дека Македонија се лизга во длабока политичка криза. Криза која - ако треба справување со неа - бара сите вклучени страни да покажат почит за принципите на демократијата, законитоста и владеењето на правото, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

- Почит - како што баравме со години - за културата на компромис и консензус. Во отсуство на овие принципи, се создаваат ќор-сокаци и експлозивни ситуации, се вели во соопштението.

Грчкото МНР уште додава дека „Грција, која долго го поддржува принципот на немешање во внатрешните работи на соседните земји, е подготвена, кога и да се побара од неа, да придонесе за деескалација на кризата врз основа на принципите на меѓународното право и почитувањето на независноста, територијалниот интегритет и суверенитот“ на Македонија.

 

 

 

28.04.2017 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега