Непребол за Македонија: Пред 16 години овие припадници на АРМ ги масакрираа кај Вејце

Денеска се навршуваат 16 години од масакрот кај Вејце, во кој загинаа осум припадници на Армијата на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи во конфликтот во 2001 година.

Во заседата кај Вејце загинаа бранителите Роберт Петковски од Бунарџик, Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје, Миле Јаневски од Македонска Каменица, Марјан Божиновски од Битола, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски од село Горно и Долно Оризари, Битола и Илче Стојановски од Породин.

Масакрот кај Вејце е еден од најкрвавите во историјата на Македонија. Се случи на 28. април 2001. година кога во 17 часот и 45 минути, жверски беа мачени, масакрирани и живи запалени припадниците на АРМ. Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.

 

 

 

28.04.2017 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега