Попоски на министерски состанок на ЕУ и земјите-кандидати во Малта

 

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерот за надворешни рабoти на Малта Џорџ В. Вела, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ,  денеска во Валета, ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

Како што соопшти МНР, на маргините на состанокот, предвидено е министерот Попоски да има билатерални средби. 

 

 

 

28.04.2017 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега