Се утврдува направената материјална штета во Собранието

Во Собранието на Република Македонија денеска се работи на утврдување на материјалната штета и за ставање во функција на работните простории кои се надвор од употреба. 

Собраниската служба за односи со јавност соопшти дека по вчерашните случувања во зградата на Собранието на Република Македонија причинета е материјална штета, и дел од работните простории, прес-центарот, како и сала „Македонија“ во која се одржуваат пленарните седници се надвор од употреба. Согласно законската регулатива надлежните институции преземаат чекори за нивно ставање во функција и утврдување на штетата, стои во соопштението. 

- Се прават напори за враќање во првобитната состојба во најкус рок, со што ќе се создадат услови за работа на Собранието, стои во соопштението. 

Со оглед на тоа, се посочува во соопштението, денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија закажано за 11 часот нема да се одржи и за продолжението јаноста дополнително ќе биде известена.

 

 

 

28.04.2017 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега