ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото насилство резултира со физичко насилство

Реализирањето на тиранската платформа не носи добро никому, а газењето на Уставот, законите и деловникот е директно газење на државата и поредокот, пишува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение до медиумите.

- Ограничувањето на демократското право на дискусија на пратениците е најбрутално ограничување и газење на граѓаните кои ги гласале. Политичкото насилство кое го спроведе СДС може да резултира само со физичко насилство. Незаконскиот обид, криминогените структури од СДС да си го самопрогласат Талат Џафери за парапретседател на Собранието беше директна провокација кон Македонскиот народ, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, „ваквото сценарио на СДС да формира параинституции е на директна штета и на Република Македонија и на граѓаните на државата. Единствено им користи само на оние сили во земјава и надвор од неа кои не и мислат добро на Македонија и кои го негираат Македонскиот идентитет и суверенитет“.

- Ваквиот срамен однос на сервилната и уценета криминогена структура на СДС го поттикнува гневот и ги иритира граѓаните на оваа земја кои не се согласуваат со плановите за нејзино редефинирање и разнебитување. Вчерашниот политички криминал од страна на СДС беше огромен чекор назад за демократијата во земјава. Благодарение на интервенцијата на полицијата, не дојде до поголема ескалација и посериозни последици. Криминалците од СДС мора да сфатат дека народот се противи на нивните планови за тргување со највисоките државни и национални интереси. Криминалците од СДС мора да сфатат дека народот си ја сака земјата и нема да дозволи нејзино разнебитување. Затоа народот е на нозе! Затоа Македонија се буди!, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

29.04.2017 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега