Хојт Ји доаѓа во Скопје - Иванов и Џафери на агендата

Хојт Брајан Ји, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија ќе ја посети Република Македонија на 30 април и 1 мај 2017, ја најавија неговата посета од американската амбасада во Скопје.

„Заменикот помошник државен секретар Ји ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Билал Касами, Весел Мемеди, и Мендух Тачи, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатската заедница. На состаноците ќе се разговара за статусот на формирање на влада, билатералните односи, и реформите потребни за евро-атлантска интеграција“, пишува во соопштението.

Пред неколку дена од кабинетот на претседателот најавија дека поради обврски средба нема да се одржи, но сега и средбата со него е наведена во агендата на Хојт Ји.

 

 

 

29.04.2017 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега