Тодоров: Некој очајно се обидува за ВМРО-ДПМНЕ да наметне перцепција на антиалбанска партија
Некој очајно се обидува ова да го наметне и изгради како перцепција. Ова е дел од целиот овој план, ова сценарио, да ВМРО-ДПМНЕ биде прогласена како партија која е антиалбанска против Албанците и им мисли мошо. 100 пати сме кажале дека тоа не е така, но тие што сакаат да ја креираат обратната перцепција тоа никогаш не го пренесоа, вели Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во ТВ Нова.
-Не ги пренесуваат нашите ставови, напротив организираат дебати , вести во кои викаат ВМРО организира антиалбански протести во центарот на Скопје, што не е точно. Прво ВМРО не ги организирало, второ од она што можев да го видам тие воопштво не беа антиалбански. Но, намерно се креираше таква перцепција за да се направи уште поголем јаз меѓу ВМРО- ДПМНЕ и останатите албанските партии, несфаќајќи дека прават јаз меѓу Македонците и Албанците и тоа води кон меѓуетнички тензии, а со тоа нема играње. Тие што играат на оваа карта си играат со оган и тоа е крајно неодговорно, особено заради тоа што го прават ова за добивање на некои политички поени, вели Тодоров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа