Приведен скопјанецот кој уби куче во центарот на Скопје

 

Вечерва е приведен средовечниот жител на Дебар Маало, кој попладнево со метални шипки уби куче пред кафулето „Радио бар“, пред очите на гостите и случајни минувачи.

НОВА јавува дека активисти за заштита на животни, граѓани и гости од кафулето  протестираат пред зградата во која живее убиецот.

- „Кучето плачеше многу, а крв прскаше на сите страни. Човекот дојде и бездушно почна да го мава. Сите се исплашивме и ни беше страв да се приближиме, затоа што мислевме дека може и кон нас да се сврти со шипките“, вели сведок за НОВА.

Настанот ги згрози Скопјани и прдизвика лавина бурни реакции.

 

 

 

29.04.2017 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега