Двајца скопјани ќе лежат во затвор
СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода 26-годишниот Ф.А. од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од осум месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Истиот бил спроведен во затвор„Идризово“.
Исто така, во текот на вчерашниот ден, СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода 31-годишниот Б.А. од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Истиот бил спроведен во затвор„Идризово“.
30.04.2017 - 13:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа