Сообраќајка на патот кон Делчево: Неколку пати се превртел во нива- две малолетнички повредени

Вчера во 14 часот и 55 минути на патот Делчево-село Полето-село Киселица, кај Пеловска маала, се случила сообраќајна незгода во која 21- годишен В.И. од село Полето, делчевско, управувајќи ПМВ „Фиат Пунто“ со штипски регистарски ознаки, поради неприлагодена брзина спрема условите и состојбата на патот, изгубил контрола над истото и неколку пати се превртел во нива.

Во незгодата со повреди се здобиле две 16-годишни сопатнички од Македонска Каменица. Поради здобиените повреди, едната од нив, поради сериозноста на повредите, била префрлена во Ургентен центар Скопје, додека другата била задржана на лекување во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Делчево.

 

 

 

02.05.2017 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега