Кривична за штипјанец поради рачно изработување на регистерски таблички

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против 43-годишниот С.С. , документарист во Отсек за управни работи Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против 67-годишниот Ш.Ш. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поднесување на лажни докази“. На 12.10.2016 година, откако на Ш.Ш. од страна на бугарската полиција му била одземена едната регистарска табличка од патничко возило бидејќи била рачно изработена, дошол во Авто Мото Друштво Штип со цел да изврши регистрација на возилото, каде побарал од С.С. да му бидат издадени нови регистарски таблици. По ова, С.С. без да изврши проверка дека сопственик на возилото е синот на Ш.Ш., му дал да ги пополни потребните документи, кој пак без добиено полномошно ги потшишал во име на неговиот син. Врз основа на ваквите документи, С.С. изготвил нова сообраќајна дозвола, издал нови таблици и му овозможил на Ш.Ш. да го регистрира возилото во име на неговиот син.

 

 

 

02.05.2017 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега