Доделувањето на државната награда „Гоце Делчев“ во МАНУ
Министерството за образование и наука денеска информира дека доделувањето на државната награда „Гоце Делчев“ за 2017 година ќе се одржи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите.
Доделувањето ќе се одржи на 4 мај 2017 година во 12:00 часот.
Државната награда „Гоце Делчев“ се доделува за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката.
02.05.2017 - 17:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа