СДСМ: Попречувањето мирен трансфер на власта е кривично дело

 

Секое попречување на мирниот транфер на власта е противуставно дело и подлежи на казни, порачува СДСМ во пишано соопштение и нагласува дека домашната и меѓународната јавност очекуваат смирување на тензиите и овозможување услови за работа на новиот собраниски претседател и избор на новата реформска Влада.

- Ова е врвен државен интерес и дека секое попречување е тешко противуставно кривично дело. Денешната насилна реторика на организаторите на протестот и паралелните пораки по социјалните мрежи на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои поттикнуваат немири со лаги е уште една потврда за синхонизираното, организирано крваво сценарио во Парламентот со што е направено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и бебзбедноста, за што казните се повеќегодишни и затворски, се вели во соопштението до СДСМ.

Неопходно е, се додава, лидерите на сите партии, институциите, граѓаните кои се злоупотребени на протестите да го сфатат својот дел од одговорноста и да овозможат продолжување на демократските процеси.

- Парламентарното мнозинство, по изборот законскиот и легитимен избор на новиот собраниски претседател, исклучиво според Деловникот, Уставот и законите ќе ја избере и новата реформска Влада, се потенцира во соопштението од СДСМ

 

 

 

02.05.2017 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега