По две години повторно се сретнаа Путин и Меркел - еве за што разговараа

 

Русија ја осудува употребата на хемиско оружје и бара целосна и непристрасна истрага за минатомесечниот напад со отровен гас врз сирискиот град Хан Шејхун, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин по состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел.

- Виновниците мора да бидат најдени и казнети. Но, тоа може да се стори дури по непристрасна истрага, истакна Путин на заедничката прес конференција во Сочи, на брегот на Црно Море, пренесоа британските медиуми.

Рускиот претседател укажа и дека решението за сириската криза може да се најде само по мирен пат и под патронат на ОН.

 

 

 

 

02.05.2017 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега