Притвор за уште едно лице за настаните во Собранието
Основниот суд Скопје 1 денеска определи притвор во траење од осум дена за уште едно лице поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април годинава.
- Во основниот суд Скопје 1 - Скопје попладнево е спроведено уште едно лице кое е дел од предлогот на Основното јавно обвинителство - Скопје против 15. лица поврзани со инцидентот во Собранието на Република Македонија за кои судот по ценење на предлогот го прифати предлогот на обвинителството и му определи притвор во траење од осум дена, информираат вечерва од Основниот суд Скопје 1.
02.05.2017 - 19:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа