Талат Џафери влезе во претседателскиот кабинет, прв гостин му е Жбогар (ВИДЕО)
Талат Џафери изутринава дојде во Собранието на РМ и влезе во кабинетот на претседателот на законодавниот дом, потрдија собраниските служби.
Веднаш по влегувањето во кабинетот, Џафери имаше средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Талат Џафери во четвртокот беше прогласен за претседател на Собранието од пратениците на СДСМ и дел од албанските партии.
Неговиот избор го оспорува ВМРО-ДПМНЕ оценувајќи го како неуставен и неделовнички.
03.05.2017 - 10:39
Фото:
АЛСАТ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа