Парламентарното мнозинство испрати допис до службен весник

 

Парламентарното мнозинство со 67 потписи од пратеници заверени во собраниските служби испратило допис до Службен весник. Во дописот се бара одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието да биде објавена.

Џафери утринава влезе во претседателскиот кабинет во парламентот. Тој ја имаше и првата работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Скопје Самуел Жбогар, потврдија пратениците од парламентарното мнозинство Павле Богоевски и Мухамед Зекири. 

- Европската Унија е подготвена да работи со новиот претседател Џафери за потребните реформи за Евроатлантска интеграција на земјата - напиша ЕУ амбасадорот Жбогар на „твитер“.

 

 

 

03.05.2017 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега