Го врзале и му се заканувале- вооружена драма во Охрид

Вчера околу 06.00 часот во Охрид на ул. „Стив Наумов“, во сопствената плевна, З.Ќ. од Охрид затекнал две непознати лица (најверојатно од Сирија) како спијат.  Во тој момент едно од лицата му се заканило со пиштол и со пластични врвки му ги врзале рацете. Откако го заврзале му одзеле приврзок со клучеви, велосипед и еден дуксер, по што побегнале во непознат правец. З.Ќ. бил пронајден во 07.15часот. Истиот не е повреден.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

03.05.2017 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега