Семејна драма во Гостивар: Син поради пари и се заканувал на мајка си со секира

Педесет и четиригодишната Ш.А. од гостиварското село Здуње, вчеравечер околу 19 часот и 30 минути пријавила семејно насилство што го извршил нејзиниот 26-годишен син К.А.

Дента околу 17 часот во дворот од нивната куќа започнала меѓусебна вербална расправија, откако синот и барал пари, по што и се заканил по животот, зел секира и оштетил дел од покуќнината внатре.

Набрзо, К.А, кој и претходно психички и физички ја малтретирал мајка му, приведен е и задржан во Полициската станица Гостивар. По целосното расчистување на сите поединости поврзани со случајот, ќе се соочи со соодветен поднесок.

 

 

 

03.05.2017 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега