Данев: СДС е одговорна за револтот на граѓаните, бидејќи изборно ги измами и прифати Тиранска Платформа

 

Интегрален текст од прес конференција за медиуми, која се одржа денес, во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев, при што се обрати г. Драган Данев.

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува обидот за заплашување и хајката која по политички налог се води против недолжни граѓани кои се приведуваат и им се врши огромен притисок од страна на одредени институции. Единствен грев на овие граѓани е тоа што си ја бранеа државата и националните интереси и се противеа на реализирањето на Тиранската Платформа.

          Се поголем број граѓани јавно кажуваат дека врз нив се врши прогон, без никаква основа.

          Недозволиво е полицијата да приведува лица кои не сториле никакво кривично дело, им се подметнуваат пријави, а некои се повикуваат дури и за вербален деликт. Дел од лицата, според информациите со кои располагаме добиле притвор без елементарен доказ. Ова е срамно и одмаздничко однесување кон сопствениот народ и заслужува најостра осуда. Одговорност пред граѓаните има и министерот во МВР, Нухиу, кој не смее да врши притисок врз вработените спротивно на процедурите и законот да малтретираат и приведуваат луѓе, недолжни граѓани, бидејќи секој, па и службено лице кои го кршат законот одговараат за своите постапки

          Институциите мора да се свесни дека тоа што одредени граѓани влегле во Собранието револтирани од нелегалниот обид за избор на Претседател на Собрание, од кршењето на Уставот, Деловникот, од антидржавните провокации кои ги прави СДС, не може да биде оквалификувано како кривично дело.

          Повикуваме да се запазат основните принципи на правната држава во кои се гледаат исклучиво фактите и доказите, а не нечии изразени партиски или политички ставови. Ќе се бара најголема одговорност доколку се докаже дека макар и едно лице е приведено без докази.

          Законот важи за сите и недозволиво е институциите да имаат двојни стандарди, односно за некого без докази да му се ставаат на товар измислени кривични дела, додека во време на траењето на т.н шарена платеничка револуција и насилството кое таа го продуцираше, во која беа напаѓани и полицијаци, да не се постапува ни приближно по истите аршини.

          Очекуваме институциите наместо да ги прогонуваат граѓаните, да реагираат на кршењето на највисоките правни акти од државата од страна на СДС и нејзиното криминално раководство. Токму криминалецот Заев е тој кој го испровоцира гневот на граѓаните со своите нелегални и антидржавни дејствувања и 2 месеци ги провицираше граѓаните кои мирно протестираа.

          СДС е партија која е одговорна за револтот на граѓаните, бидејќи изборно ги измами своите граѓани, прифати Тиранска Платформа која го руши унитарниот карактер на државата, ги прекрши сите законски и деловнички процедури, ги навредуваше, провоцираше и омаловажуваше граѓаните кои мирно протестираа и на крајот ја прекрши нивната волја отпочнувајќи реализација на самата Тиранска Платформа.

          Криминогеното раководтсво на СДС за своите постапки и кривично и морално и политички ќе одговара, а најважно ќе одговара и пред судот на народот од кој упорно бега. Од овој суд нема бегање, порано или подоцна ќе се соочи со сопствените граѓани на избори и тогаш ќе добие одговор за својата деструктивна и антидржавна политика.      

 

 

 

 

         

 

 

 

 

 

03.05.2017 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега