Сончево утро а попладне повторно невреме

 

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 18 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до девет, а дневната до 28 степени.

Во петок и во недела ќе биде променливо нестабилно со локален пороен дожд и грмежи на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава. Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура.

Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат насекаде низ земјава.

 

 

 

 

04.05.2017 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега