Грабеж среде бел ден во Скопје

Вчера во 13 часот и 45 минути во Скопје на булевар „Александар Македонски“ двајца непознати сторители извршиле разбојништво над 38- годишниот Ш.И. од село Копаница.

Сторителите дошле на наведеното место и откако Ш.И. го паркирал неговото возило и откако излегол од истото, во еден момент едно од лицата го стегнало со рака околу вратот и почнало да му ги кине ланчињата кои ги носел на вратот.

Во тој момент пријавителот го гризнал сторителот за раката, по што другото лице со тврд предмет го удрил во пределот на главата, нанесувајќи му расекотина.

Ш.С. почнал да вика и сторителите избегале во непознат  правец, одземајќи го ланчето.

Од ударот Ш.С. се онесвестил. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде му била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

04.05.2017 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега