Променливо и нестабилно време и во наредните денови

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претпладнето времето беше сончево и топло, во западните делови со мала до умерена локална облачност. Попладне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, во западните делови настапи зголемување на облачноста и преовладуваше променливо на повеќе места нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Овие процеси повеќе беа застатени во планинските предели и тоа Шарпланинскиот масив, Полошката котлина, Кичевскиот регион, Македонски брод, Солунска Глава. Во Скопската котлина имаше зголемување на облачноста проследена со грмежи и умерен северозападен ветер.Нестабилноста се движеше од југозапад према североисток. Во моментов се уште е нестабилно јужно од Скопската котлина, во планинските делови каде има пороен дожд и грмежи.Така можно е во јужните делови на скопската котлина да има краткотраен пороен дожд, грмежи и зсилен ветер.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

До крајот на денот како и во вечерните часови во западните делови од земјава ќе се задржи  променливо и нестабилно со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во планинските предели. Во останатите делови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и посвежо со умерена облачност и со слаб ветер од западен и југозападен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне променливо на повеќе места нестабилно со  пороен дожд и грмежи, особено во североисточните и источните делови. Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој на западот од земјата ќе се засилува. Т-мин. од 6 до 12 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од  19 до 27 степени.

Скопје Претпладне сончево со умерена облачност, попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите од 11 до 25 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

 

Следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Утре и во недела нестабилно ќе биде на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава. Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат во поголемиот дел од земјава.

 

 

 

 

04.05.2017 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега