Борбата на Јован за еднакво образование на децата со пречки во развојот

Јован има аутизам и оди на редовна настава. Со него во училиштето работи инклузивен тим и напредокот е очигледен.

Кога го запознав во 4то одделение, тој беше изгубен и повторуваше исти фрази, ни раскажа училишниот дефектолог. 

Две години подоцна, со напорна работа на    наставниците, дефектолозите  и секако семејството,   Јован не може да се препознае.   

Јован во уѕчилиштето има голем број другарчиња, кои ни ги наброја по име, има и куче кое сам го шета, сам се врака и од училиште.

Иако оди во редовно училиште програмата според која Јован учи е прилагодена на неговите инидивидиуални потреби, ни објаснија наставниците.

Сепак клучна  придобивка  на  инклузивното образование, вели мајката  на Јован  е дружењето со другите деца, вклопувањето во срединатаа понатаму и  животот во заедницата.

За три години Јован треба да заврши основно.  Што понатаму ја прашавме мајката.

Извор Сител

 

 

 

04.05.2017 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега