Темелков: Ние Македонците имаме силен глас, дури и за најтврди уши

 

Никогаш не и се израдувавме на татковината. Со едната рака ја оравме, со другата ја браневме и до денов денешен ја немаме целата асално одбрането, па сепак, прекрасно и од Бога благословено е што сме Македонци, истакна на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, актерот Петар Темелков.

Вели дека во минатото Македонија била голема колку половина планета и оти тогаш никој не смеел не негира. Темелков рече дека Македонците никогаш до сега не изградиле ништо со туѓ камен.

-Ние Македонците никогаш до сега ниту куќа, ниту Црква, ниту Манастир, ниту што да е друго со туѓ камен не изградивме. Ние Македонците никогаш досега не стекнавме знаење за тоа како се прават неправедни држави и фалсификувани истории, ниту како се пустошат туѓи градови и гробови, посочи Темелков.

Според актерот, затоа денеска ние имаме силен глас, дури и за најтврди уши.

 

 

 

04.05.2017 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега