Струмичани порачаа: Не застануваме, ќе излегуваме секојдневно во одбрана на државата

 

Историјата е отворен процес кој се пишува секојдневно, а ние Македонците сакаме да пишуваме со нашиот македонски јазик за нашата македонска вистина. Слободата е нашата икона, затоа да не ја испуштаме од рацете, порачаа вечерва учесниците на протестниот марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ што се одржа во Струмица.

Од пред споменикот на Гоце Делчев, на истоимениот плоштад, говорниците се осврнаа на мисијата и визијата на револуционерот, најголемиот македонски син, насочени кон самостојноста на Македонија и нејзината државност.

Учесниците на протестниот марш порачаа дека Македонците не смеат да се срамат од она што е наше, и да не дозволат друг да ја крои совеста и националниот идентитет на граѓаните.

Посочија дека нема да застанат тука и дека ќе излегуваат секојдневно во одбрана на името, знамето, химната и македонските обележја.

 

 

 

04.05.2017 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега