Падна искусен судија од Охрид - го фатиле како зема мито

Судија од Основниот суд во Охрид бил осуден на условен затвор бидејќи зел 5.000 денари поткуп, лани од компанија на која требало да и „среди“ да го добие судскиот предмет во нејзина корист, јавиДневник“.

 Информацијата ја потврдиле од Основното јавно обвинителство, од каде што информираа дека поради работното место на судијата, предметот бил префрлен во Обвинителството во Струга.

- На 23 февруари 2016 година, Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинителен предлог против лицето Р.С. за сторено кривично дело примање поткуп од член 357 став 2 во врска со член 45 став 1 од Kривичниот законик. Поради тоа што обвинетиот беше вработен во Основниот суд Охрид, оттаму предметот е упатен на натамошна надлежност во Основниот суд Струга каде што се водеше постапката. Предметот е завршен и лицето е осудено на условна казна 6 месеци затвор, која нема да се реализира ако во рок од една година лицето не стори кривично дело - велат од Обвинителството.

Случајот во јавноста беше обелоденет во јануари лани, кога МВР поднесе кривична пријава против искусен судија од Основниот суд во Охрид.

 

„Дајте ми барем 5.000 денари за да го решам предметот во ваша корист. Ваков предлог, според полициските информации, му дал на вработен во фирма што имала судски спор, кој требало да го реши судијата. Судиската вага, по се изгледа, имала цена што не била превисока. Првичната сума што судијата ја барал како поткуп била 15.000 денари, но кога видел дека тие пари нема да ги добие од фирмата, ја симнал цената и почнал да се нагодува, објаснуваа тогаш од полицијата. Инаку судијата, според пријавата на полицијата, сам ја дал непристојната понуда, барајќи му пари на вработениот за да го реши судскиот предмет во полза на тужената компанија. Судијата бил фатен на дело како ги прима парите, кои претходно биле обележани од полицијата. 

 

 

 

05.05.2017 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега