Ахмети на средба со високи преставници на делегацијата од ОБСЕ
Синоќа во Скопје, Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети се сретна со Специалниот претставник на Претседавачот на ОБСЕ, Амбасадорот Кристијан Штрохал како и Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен.
Претседателот Ахмети и Амбасадорот Штрохал разговараа за политичката ситуација во земјата по настаните на 27 април.
Лидерот Ахмети ѝ се заблагодари на мисијата на ОБСЕ во земјата за постојаниот контакт со пратениците во текот на вечерта на 27 април.
Ахмети нагласи дека новата реформска влада ќе се формира наскоро и дека новоименуваниот Претседател на Собранието го врши својот дел од обврските за да се олесни и забрза овој процес.
Ахмети зборуваше за приоритетите на новата влада како: реформите во судството, евро-атланската интеграција, Охридскиот Договор, добрите меѓуетнички и соседски односи како и орварањето на нови работни места.
Истовремено, г. Ахмети изрази загриженост за можноста на поттикнување на немири во земјата за геополитички интереси и побара од меѓународната заедница своето внимание да го фокусира кон случувања во земјата и регионот.
05.05.2017 - 11:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа