Битолско семејство остана без своите пари

Вчера  во периодот од 07.30 до 18.30 часот во Битола, на ул. „Прилепска“, во станот сопственост на Д.Л.  непознат сторител  извршил тешка кражба. Сторителот со подесен клуч ја отклучил влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување  и од  спалната соба одзел еден пиштол марка „Црвена Застава“ калибар 7,65 мм, муниција 5x25 пакетчиња калибар 7,65 мм, 2x25 пакетчиња калибар 8,57мм и непозната количина муниција за малокалибарска пушка, 1 200 евра, 1400 австралиски долари,  паричник во кој имало 300 австралиски долари и 8 000 денари, и поголема количина златен накит. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

05.05.2017 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега