БМВ гореше во Битола

 И во Битола вчера имало пријава после полноќ за опожарено возило. Според информациите на МВР, вчера  00.50 часот во Битола  на ул. „Питу Гули“ опожарено било возилото марка  „БМВ“ сопственост на Б.Р., кој е починат. Пожарот го забележал граѓамин,  кој додека седел дома најпрво слушнал пукање , а по кратко време и тап удар по што забележал дека наведеното возило е во пламен. Потоа, пожарот го пријавил во Територијалната противпожарна единица Битола. Во пожарот оштетени се хаубата, покривот, двете предни врати, сите стакла и целата внатрешност на возилото. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

 

 

 

05.05.2017 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега