Утринава се случи разбојништво среде Скопје

Разбојништво во тобако во Скопје. Според информациите на МВР, утрово  во 06.00 часот во ЕИК Скопје, вработен во тобако пријавил дека околу 05.30 часот на ул. „Народни Херои“ во тобакото, непознат маскиран сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со пиштол ги одзел парите од дневниот промет по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

06.05.2017 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега