При претрес на автомобил во гостиварско пронајдено дрога

Вчера во 09 часот и 40 минути на локалниот пат село Боговиње-село Ново Село, полициски службеници од полициската станица за ГН Маздрача забележале паркирано моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки.

Откако ги забележал полициските службенивци, возачот на возилото, најпрвин пополека го придвижил возилот,а набргу потоа нагло ја зголемил брзината и се дал во бегство.

Полициските службеници тргнале по него. Во еден момент возачот на возилото „Мерцедес“ од прозорецот до совозачкото седиште исфрлил една најлонска кеса.

По кратко време возилото било пресретнато и сопрено. Над возачот Л.З. (29) од село Боговиње и во возилото бил извршен преглед при што биле пронајдени пет глави во вид на мали топчиња  со непозната зелена тревкаста материја, најверојатно марихуана, едно пластично шише, вага за мерење и една керамичка плочка. Исто така, била пронајдена и кесата што ја исфрлил Л.З. од возилото.

Во истата биле пронајдени една поголема и три помали кеси сонепозната зелена тревкаста материја.

 После тоа Л.З. е лишен од слобода и заедно со непознатата зелена тревкаста материја со тежина од околу 500 грама и возилото бил предаден во ПО Камењане за понатамошна постапка. 

 

 

 

07.05.2017 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега