Викеднов хаос низ улиците на Скопје- 21 лице повредено

Изминатите три дена на подрачјето на Скопје во вкупно 27 сообраќајни незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 18 се полесно повредени.

Во десет сообраќајки е предизвикана само материјална штета.

Како што информира МВР, за време на викендот се откриени поголем број прекршоци и се санкционирани 11 возачи за непочитување на ограничувањето на брзината на движење, шест возачи за управување возило под дејство на алкохол, 10 возачи кои поминале на црвено светло на семафор и двајца возачи за неотстапување првенство на минување на пешаците на обележан пешачки.

Вкупно 25 возачи управувале возило по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, а 80 за непрописно паркирани возила.

Со помош на специјално возило „пајак“ отстранети се 73 возила.

Одделението за превенција при СВР – Скопје во координација со „Здравствен дом“ на Скопје при Министерството за здраство, од денеска до 15 мај ќе спроведе едукативни работилници во средните училишта на подрачјето на градот Скопје, на тема „Влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанци врз безбедноста во патниот сообраќај“ со учениците од III-та и IV-та година.

 

 

 

 

08.05.2017 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега