Погребан убиениот градоначалник на Боговиње

Со последни почести, роднини, сограѓани, сопартијци, делегации дојдоа да го испратат градоначалникот на Боговиње, Хазби Идризи. Последен поздрав дојдоа да му дадат и од највисокиот врв од ДУИ предводени од лидерот Али Ахмети, Претседателот на Собранието Талат Џафери, Артан Груби, Рафиз Алити.

Како член на ЗЕЛС, но и човек со кој долги години соработува градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски пак се обрати на прошталната церемонија.

„Изгубивме еден голем човек, човек кој беше многу чесен, работен, професионален, човек кој мислеше само на луѓето од општината, на кого на прво место му беа интересите на граѓаните на општината, па потоа личните интереси“, рече Трајановски.

Жителите на Боговиње, но и оние кои дојдоа од соседните општини велат дека се изненадени од немилиот настан, бидејќи градоначалникот Идризи, како што велат, бил добар човек кој соработувал со сите нив.

„На секого помагаше колку можеше, на никого не направил штета“

„Придонеувал доста за овие населени места, особено во Ново Село, ова беше неочекувано“, велат граѓаните.

Градоначалникот  Хазби Идризи вчера беше застрелан во центарот на општина Боговиње од страна на поранешниот вработен Абази Ќасани кој по кртвавиот настан посегна и по својот живот и им подлегна на повредите во скопската клиника.  

 

 

 

 

08.05.2017 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега