Вонредна временска прогноза: Дожд и невреме во наредните три дена
Во раните утрински часови само во крајните југоисточни предели имаме претежно сончево време со локална облачност, а во останатите предел преовладува умерено облачно време. Локално во крајните западни предели постојат услови за сосема слаби врнежи од дожд.
Денес ќе биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен северозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе бележат благ пораст во однос на претходните денови ќе се движат од 5 до 12 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 9 односно до 22 степени, температури кои што се под просекот за овој период од годината. Ув индекс 5
Во Скопје денес ќе биде умерено облачно и нестабилно време со услови за слаби врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна до 19 степени.
Во вторник умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд. Утринските температури од 4 до 13 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 10 до 22 степени. Во среда умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне само во крајните западни предели со услови за врнежи од дожд. Минималните од 2 до 11 степени, а максималните од 12 до 24 степени.
Во четрврток се очекува стабилизација на времето и посвежо утро со утрински температури од 0 до 9 степени, а во текот на денот претежно сончево и топло време со максимални 17 односно 29 степени. Во петок умерено облачно време со сончеви периоди и многу топло, утринските температури од 7 до 16 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 20 односно до 32 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа