Додатокот за трето дете го зголеми бројот на третородените деца

 

Во општините Дебар и Центар  Жупа расте бројот на третородените деца и бројот на корисници на правото на додаток за трето дете. 

- Во просек годишно додаток за трето дете остваруваат 70 до 90 нови корисници, додека вкупната бројка на оние кои го остваруваат ова право е 577 корисници, вели директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Дебар Крешник Пачуку. 

Тој додава дека во првото тромесечие од годинава, евидентирани се 13 барања за остварување на правото на додаток за трето дете, што, спроед него,  потврдува дека има континуиран раст.

Што се однесува до додаток за четврто дете, посочува Пачуку, ова право го остваруваат 24 корисници и додава дека  овој закон,  важеше до  април 2010 година, но оние кои до тогаш го оствариле ова право го добиваат и понатаму.

Негова оценка е дека мајките од руралните средини се позаинтересирани за трето дете, бидејќи,според нив,  средствата кои ги дава државата на име додаток за трето дете се добредојдени,зашто поголемиот број од нив се  семејства со послаба економска моќ.

 

 

 

08.05.2017 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега