Тешка сообраќајка во тетовско

Вчера околу 10:30 часот на крстосницата на регионалниот пат со локален пат за село Нистрово случена е сообраќајна незгода помеѓу паничко моторно возило “Опел Астра“ со тетовски регистерски ознаки управувано од З.М.(52) од Тетово и патничко моторно возило “Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.С. (45) од Скопје.

Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот З.Ј. по што со возило на итна медицинска помош бил пренесен во болница во Гостивар.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полициската станица Гостивар.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

08.05.2017 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега