Илиевски: Нема мандат за Тиранска платформа

Дојдовме и денес да ве повикаме да продолжите да го слушате гласот на вашиот народ, истакна од пред Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

-Да не попуштате под ниту еден притисок. Нема мандат за Тиранска платформа. Не смеете да му одговарате на незаконски избран претседател на Собранието на Република Македонија. во оваа држава мора да има ред и поредок, мора да се почитуваат законите, мора да го чуваме Уставот, последниот бедем сте вие. Апелираме до вас да продолжите да го правите тоа, се до тогаш ќе ја имате и поддршката од граѓаните „За заедничка Македонија“, вели Илиевски.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денес протестита на улиците во Скопје и ширум Македонија по 71-ви пат.

 

 

 

08.05.2017 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега