Охриѓани порачуваат: Не отстапуваме од крајната цел – нови избори

Граѓани на Охрид попладнево излегоа на протест за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија.

Делчо Максимовски во нивно име го пренесе револтот против тиранската платформа, нелегалниот избор на претседател на Собранието, незадоволството на се она што се нарекува унитарен уставен поредок на Република Македонија.

– Нашата цел е чисто државничко, политичко, општествена – Македонија да остане држава со Устав и правен систем независен од законодавната и извршната власт. Правниот систем да функционира според законите, а не кој било да се однесува насилнички и да именува кого сака и како сака. Тоа е нашата крајна цел и се додека не дојдеме до конечна победа, а тоа се нови избори, не отстапуваме, рече тој.

Протестот почна на плоштадот кај охридската гимназија, а продолжи со марш низ улиците во централното градско подрачје.

 

 

 

 

08.05.2017 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега