Струмичани: Албанскиот фактор е како банка што дава кредити, СДСМ е кредитокорисник, па сега треба да го врати тоа што го вети во Швајцарија

Албанскиот фактор е како банка што дава кредити, а СДСМ е кредитокорисник, па сега треба да го врати тоа што го вети во Швајцарија, преземајќи ја платформата за уништување на Македонија, за двојазичност, за промена на амблемите на македонската полиција и армија, рекоа вечерва говорниците на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија” во Струмица.

Го повторија нивниот став за незаконскиот и противуставен, и како што рекоа, најмалку деловнички избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на РМ.

Го прочитаа и мислењето на Љубиша Ѓеоргиевски околу последните политички случувања во Македонија.

Од граѓанската иницијатива бараат нови парламентарни избори, за како што велат, народот да го каже своето мислење на платформата наметната од надвор.

Протестот заврши со мирен марш низ центарот на Струмица.

 

 

 

08.05.2017 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега