Дурловски: МОБ долго време канеше гости, време е ние да се претставиме пред светот

Со директорот на Македонската Опера и Балет, Игор Дурловски имавме можност да поразговараме пред од околу две недели. Зборувавме за сето она што МОБ го работи по неговото стапување на функцијата директор, но и некои други професионални предизвици, пишува порталот Cooltura.mk.

Игор Дурловски (роден 1977 во Битола) е македонски оперски пејач и актуелен Директот на Македонската Опера и Балет. Студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска, а усовршува во Камерното Студио на Оливера Милјаковиќ во Виена.

Скоро 15 години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во Евридика на Јакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта “Посета на старата дама” на Готфрид Фон Ајнем.

Во МОБ во периодот 2000 до 2002 година, е дел од Lucia di Lammermoor, Il Trovatore, Don Giovanni, Turandot, Il barbiere di Siviglia, La forza del destino, Rigoletto, Aida и други. Под патронат на диригентот Пол Вајголд, 2001 година, Дурловски дебитира во улогата на Nonacourt во операта Il capello di paglia di Fireza во продукција на Виенската Камерна опера. Во 2003 година, тој ја добива наградата “Ѓорѓи Божиков” од Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ за најдобра изведба на композиции од македонски автори. Истата година, Дурловски станува лауреат на меѓународниот натпревар во Белград “Jeunesses Musicales“.

Во 2004 година ќе стане дел и од новите продукции на Виенската камерна опера, Ballo delle Ingrati Euridice. Биографијата на Игор Дурловски бележи и концертни изведби на грандиозни дела како Бетовеновата Деветта симфонија, Моцартовиот Реквием, Вердиевиот и Моцартовиот Реквием, 14-та Симфонија на Шостакович, Радомировиот Псалтир на Димитрије Бужаровски, ораториумот Клименту од Властимир Николовски, Симфонијата Зима од Ристо Аврамовски и други. Забележливи се и неговите гостувања на реномираниот фестивали Охридско лето.

Настапува на сцените на познати европски куќи, меѓу кои: Wiener Cammeroper, Wiener Concert House, Оперската куќа во Мунстер, Националната опера и театар во Сараево, Хрватскиот Народен Театар во Загреб, Осиек и Риека, Тиранската Опера, Битолската Опера и други. Соработувал со Wienna Residence Orchestra, Источно-западниот симфониски оркестар, Белградската филхармонија, Софиската филхармонија, Ансамблот за современа музика „Алеа“.

Од 2004 година живее и настапува во Германија, заедно со неговата сопруга Ана Дурловска, се до неговото враќање во Македонија 2015 година од кога стапува на функцијата генерален директор на Македонската Опера и Балет.

За работењето во изминативе 18 месеци, Дурловски вели:

– Успеавме МОБ да има 180 настани годишно, скоро секој месец премиера, мјузикл, а во завршна фаза се припремите за Мајските Оперски Вечери. Комплетните ресурси на МОБ се максимално искористени.

Го потсетивме и за една статија во 2008/09 година за дневниот вестник ВЕСТ, поврзана со неговото семејство:

– Мојата сестра која ми води архива од интервјуата, на фејсбук деновиве објави статија во која јас изјавувам дека сакам да се вратиме во Македонија и нашите деца да растат во македонска средина.

Во интервјуто Дурловски говори за активностите на МОБ кои престојат во блиската иднина, почнувајќи од утрешната премиера на Травијата, Мајските оперски вечери, госувањата со мјузиклот „Тајно моја“, но и бројни други домашни и меѓунарни настапи.

 

 

 

 

08.05.2017 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега